Баш му падна мака: Доби црвен картон за само девет секунди! (ВИДЕО)

August 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Баш му падна мака: Доби црвен картон за само девет секунди! (ВИДЕО)

Играчот на Бока Јуниорс Луис Адвикула беше трагичар за својот тим бидејќи заработи црвен картон уште во 9. секунда каде во натпреварот против Крузеиро направи груб старт. Црвениот картон му беше покажан во 28. секунда, што важи за најбрзото исклучување во историјата на фудбалот во Јужна Америка. Бока на крајот беше елиминирана на пенали откако во регуларниот Крузеиро победи со 2:1, а во првиот натпревар Бока славеше со минимални 1:0.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.