Баш нема среќа: Во првите пет минути откако дебитираше тешко се повреди! (ВИДЕО)

August 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Баш нема среќа: Во првите пет минути откако дебитираше тешко се повреди! (ВИДЕО)

Милан успеа да го победи Реал Мадрид со минимални 1:0 каде голот за победа на Милан го постигна Самуел Чуквуезе во 55-тата минута. На самиот почеток од второто полувреме во игра во редовите на Реал Мадрид влезе Цезар Паласиос, кој е шпански офанзивен играч од средниот ред и кој се смета за еден од „дијамантите“ на клупската академија. Во дуел со дефанзивецот на Милан, Малик Тијао настрада неговото колено и дебито воопшто нема да го памти по добро. Тој веднаш мораше да биде изваден од игра, а ситуацијата по натпреварот ја коментираше и тренерот Анчелоти. „Паласиос има проблеми со коленото, не изгледа добро“, изјави тој. Потоа и медиумите во Шпанија објавија дека Паласиос е повреден потешко и дека станува збор за предните вкрстени лигаменти, поради што ќе ги напушти подготовките на Реал Мадрид во САД и ќе се врати во Шпанија, а допрва ќе се знае дали е потребна операција.

 

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.