April 8, 2025 | | Свет
Интер Мајами, клубот на Лионел Меси и амбициозниот Дејвид Бекам, веќе подолго време го следи маестро-то од средниот ред – Кевин де Брујне. Бекам, кој има јасна визија, сонува за супер-екипа со Меси, Суарез, Бускетс, Алба, и можеби Ди Марија, а со Де Бруијне сето тоа би изгледало како да сте вклучиле „ФИФА“ на ол-стар мод. Белгиецот неодамна и официјално објави дека си заминува од Манчестер Сити на крајот од сезоната, што ги вжешти шпекулациите на трансфер-пазарот. Неизбежно, на сцената стапуваат и богатите клубови од Саудиска Арабија. Нивната амбиција и финансиска моќ не познаваат граници, па се очекува да понудат договори на кои тешко се одговара со „не“. Иако се споменуваше и Сан Диего, новиот МЛС клуб, нивната вклученост во трката беше краткотрајна. Спортскиот директор Тајлер Хипс искрено призна: „Немаме пари за него“. Де Брујне зад себе остава импресивна кариера во Манчестер Сити – 413 натпревари, 106 голови, 174 асистенции и полн трофејн кабинет. Освои сè: од Лигата на шампионите, до шест титули во Премиер-лигата, неколку ФА и Карабао купови и три Комјунити Шилд трофеи.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |