February 25, 2025 | | Свет
Дејвид Бекам уште еднаш покажа огромна почит кон Лионел Меси, истакнувајќи дека аргентинската фудбалска легенда е најдобриот играч во историјата на фудбалот. Поранешниот ас на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Милан и ПСЖ, кој денес е сопственик на Интер Мајами, нагласи дека никој не може да му се доближи на Меси. „Лео е без сомневање најголемиот фудбалер на сите времиња. Нема играч кој може да му биде конкурент“, изјави Бекам. Тој воедно и предвиде дека Реал Мадрид ќе ја освои Лигата на шампионите, а се осврна и на проблемите во Манчестер Сити. „Пеп Гвардиола е еден од најдобрите менаџери во светот. Големите клубови секогаш поминуваат низ транзиција, особено кога има промени во составот. На тимот му е потребно време за да се стабилизира“, истакна Бекам.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |