Белгијците во полн состав доаѓаат во Скопје: Де Брујне, Куртоа, Лукаку, Тилеманс…

May 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Белгијците во полн состав доаѓаат во Скопје: Де Брујне, Куртоа, Лукаку, Тилеманс…

Селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, Руди Гарсија, го објави списокот на повикани фудбалери за претстојните квалификациски дуели за Светското првенство во јуни, вклучувајќи го и гостувањето против Македонија во Скопје. Гарсија повика вкупно 26 фудбалери за дуелите со Македонија и Велс, со што Белгија јасно става до знаење дека ќе настапи со најсилниот состав во обидот да обезбеди максимален број бодови во оваа квалификациска сесија. Списокот на повикани фудбалери гласи: Голмани: Тибо Куртоа (Реал Мадрид), Мац Селс (Нотингем Форест), Сен Ламенс (Антверпен), Мартен Вандеворт (Лајпциг); Дефанзивци: Зено Дебаст (Спортинг), Максим де Кујпер (Клуб Бриж), Кони де Винтер (Џенова), Воут Фас (Лестер), Брендон Мекеле (Клуб Бриж), Томас Муние (Лил), Диего Мореира (Стразбур), Артур Теат (Ајнтрахт Франкфурт); Среден ред: Кевин Де Бруин (Манчестер Сити), Жорти Мокио (Ајакс), Амаду Онана (Астон Вила), Николас Раскин (Ренџерс), Јури Тилеманс (Астон Вила), Ханс Ванакен (Клуб Бриж); Напаѓачи: Шарл де Кетеларе (Аталанта), Жереми Доку (Манчестер сити), Малик Фофана (Лион), Ромелу Лукаку (Наполи), Доди Лукебакио (Севиља), Лои Опенда (Лајпциг), Алексис Салемакерс (Рома), Леандро Тросар (Арсенал). Натпреварот меѓу Македонија и Белгија во Скопје е закажан за 6 јуни.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.