Белигнем ќе мора да оди на операција бидејќи игра со повреда!

July 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Белигнем ќе мора да оди на операција бидејќи игра со повреда!

Џуд Белингем најверојатно ќе мора да оди на операција на рамото и истата интервенција ќе се случи по финалето на Европското првенство, пренесува „Relevo.“ Тоа значи дека тој би отсуствувал најмалку два месеци. Наводно тој сè уште чувствува болки по луксацијата на рамото, која ја претрпе минатиот ноември во натпревар од Ла Лига против Рајо Валјекано. И тогаш се размислуваше за оваа опција, но беше одбран конзервативно третман. Тој игра со инјекции за болка и користи протектор за да се избегне влошување на повредата. Заедно со неговиот клуб ќе биде одлучено дали и дефинитивно ќе оди на операција.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.