Белингам „наседна“ – Роналдо одамна знаеше дека ова ќе се случи (ВИДЕО)

February 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Белингам „наседна“ – Роналдо одамна знаеше дека ова ќе се случи (ВИДЕО)

Џуд Белингам го напушти теренот во 39-та минута откако судијата Хосе Луис Мунуера одлучи да му додели директен црвен картон поради вербален протест. Според официјалниот судиски записник, Англичанецот употребил изразот „Fuck you“, што доведе до негово исклучување. Реал Мадрид не успеа да се снајде по исклучувањето, примајќи гол во второто полувреме и запишувајќи трет натпревар во низа без победа во Ла Лига. Белингам, пак, по завршувањето на мечот објасни дека всушност рекол „Fuck off“, фраза која во Англија има разговорно значење, па се надева дека дисциплинската комисија ќе му изрече поблага санкција. Овој случај потсети на зборовите на Кристијано Роналдо од 2018-та година, кога тој во интервју за „Ел Чирингито“ објасни како различно се толкуваат истите фрази во Англија и Шпанија. „Во Премиер лигата ова се користи постојано по досуден фаул и судиите не реагираат. Во Шпанија, ако го кажете тоа, веднаш ќе добиете исклучување. Затоа сметам дека арбитрите треба да бидат малку пофлексибилни,“ изјави тогаш Роналдо. Белингам, како што изгледа, ја почувствува оваа разлика на своја кожа, па неговиот случај предизвика лавина реакции во фудбалската јавност.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.