Белингам оди на операција – го пропушта стартот на новата сезона

June 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Белингам оди на операција – го пропушта стартот на новата сезона

Англиската ѕвезда Џуд Белингам ќе биде надвор од терените најмалку два месеца, откако ќе замине на хируршка интервенција на рамото што го мачи речиси цела сезона. Иако досега играше со специјална преврска и ја одложуваше операцијата, одлуката конечно е донесена – веднаш по завршувањето на Светското клупско првенство, тој ќе замине „под нож“. Доколку Реал Мадрид се пласира во финалето на 13 јули, операцијата е закажана веднаш потоа. Белингам сам призна дека му здосадило да игра со болка и ограничувања. „Иако сега не ме боли многу, ми се смачи од преврската. Премногу се потам, ослабев, и едноставно сакам повторно да играм слободно, без болки“, рече тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.