Белингем го одигра најлошиот натпревар во кариерата: Имаше ужасни бројки

June 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Белингем го одигра најлошиот натпревар во кариерата: Имаше ужасни бројки

Белингем го започна Европското првенство со гол каде го постигна првиот за Англија на ова првенство, но и во тој натпревар целиот состав на Англија одигра лошо, а тоа продолжи и во следните два натпревари. Бројките кои Џуд ги имаше вчера доволно кажуваат за тоа како тој одиграл. Тој немаше ниту еден шут кон голот, ниту една креирана шанса, ниту еден успешен старт и ниту едно успешно додавање во нападот. Токму од него се очекува да биде еден од лидерите на Англија на ова Европско првенство, но засега тоа не е баш така.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.