April 14, 2025 | | Свет
Напнатата атмосфера во соблекувалната на Реал Мадрид се зголеми по убедливиот пораз од Арсенал со 3:0 во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите. Тој дебакл остави длабока трага кај играчите и стручниот штаб на актуелниот европски и шпански шампион. Познатиот новинар и инсајдер на клубот, Еду Агире, откри дека во текот на тренингот во петокот дошло до физички конфликт помеѓу Џуд Белингем и Антонио Рудигер. Тензиите, според него, ескалирале токму поради чувството кај играчите дека сезоната им се лизга низ прсти. „Ми кажаа дека имало тепачка на тренингот, ситуацијата беше многу напната од средата наваму. Фудбалерите беа свесни дека клучниот дел од сезоната може да се распадне за само неколку дена“, изјави Агире. Иако конфликтите меѓу играчи не се реткост во големите клубови, новинарот нагласува дека ваквите ситуации добиваат дополнително значење кога се случуваат пред толку важни натпревари како претстојниот реванш со Арсенал, или борбата за титулата во Ла Лига. Шпанските медиуми, пак, пишуваат дека и капитенот Лука Модриќ реагирал веднаш по поразот, пренесувајќи му на Карло Анчелоти дека одредени фудбалери не вложуваат доволно напор на теренот. Агире исто така истакна дека, и покрај инцидентот, ситуацијата била смирена. „Ми рекоа дека по расправијата, Белингем и Рудигер се ракувале. Но, тоа сепак ја покажува сериозната тензија што владее меѓу играчите на Реал.“
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |