Белингем продолжува со пцуењето: Сега удри по линискиот судија! (ВИДЕО)

June 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Белингем продолжува со пцуењето: Сега удри по линискиот судија! (ВИДЕО)

Џуд Белингам повторно се најде во фокусот на јавноста – овојпат не поради играта, туку поради неговото однесување за време на натпреварот против Ал Хилал на Светското клупско првенство. Иако мечот заврши нерешено (1-1), еден момент од второто полувреме предизвика бура на социјалните мрежи. На објавено видео се гледа како Белингам, во момент на фрустрација покрај аут-линијата, му дофрла на судијата. „Наша топка, наша топка, одј*би.“ Иако инцидентот помина без официјална казна, тој повторно ја отвори дебатата за темпераментот и сè почестите испади кој не првпат се соочува со критики за несоодветно однесување на теренот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.