Бентанкур ќе добие голема казна поради шега за Корејците

November 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Бентанкур ќе добие голема казна поради шега за Корејците

Тотенхем очекува Бентанкур да добие поголема казна поради коментарите кои ги даде за неговиот соиграч Сон. Тој потоа се извини откако првично рече дека Сон и неговите братучеди „изгледаат исто“. „Сон, брате! Се извинувам за тоа што се случи, беше шала на лош начин. Знаеш дека те сакам и дека никогаш не би те повредил. Те сакам брате!“, напиша тој на социјалните мрежи. Допрва ќе биде одлучено колку натпревари Уругваецот ќе биде суспендиран, но се очекува дека бројот на натпревари на кои тој нема да настапи ќе биде поголем. Тотенхем периодов во Премиер лигата ќе се сретне со тимови како Манчестер Сити, Фулам, Бормут, Челси, Саутемптон и Ливерпул, како и со Манчестер Јунајтед во Карабо Купот во декември.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.