November 5, 2024 | | Свет
Напаѓачот на Ал-Итихад, Карим Бензема зборуваше за трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид и за тоа како Французинот се снаоѓа и каков учинок има. „Мбапе знае дека има голем притисок во Реал Мадрид, таму убиваат за два-три меча без постигнат гол“, рече Бензема. Поранешниот напаѓач на Реал додаде дека Килијан има проблем кога станува збор за левата крилна позиција. „Проблемот за Мбапе е што на левата страна Реал веќе го има најдобриот играч во светот, а тоа е Винисиус Жуниор“, објасни Французинот. Сигурно е дека ваквата изјава нема да му се допадне на Мбапе. Уште пред неговото пристигнување во Реал, многумина стравуваа дека Винисиус и Мбапе ќе имаат проблеми играјќи заедно бидејќи и двајцата ја преферираат истата позиција.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |