Бензема не потпишува дресови од сегашниот клуб, но нема проблем да стави автограм на дрес од Реал?! (ВИДЕО)

July 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Бензема не потпишува дресови од сегашниот клуб, но нема проблем да стави автограм на дрес од Реал?! (ВИДЕО)

Францускиот напаѓач, Карим Бензема влезе во неколку конфликти со неколку луѓе во неговиот сегашен клуб Ал-Итихад откако пристигна во Саудиска Арабија. Иако цело време многумина сметаа дека брзо ќе замине од Саудиска Арабија, сепак тој сеуште е член на Ал-Итихад. Бензема сега пак направи скандал кој ги налути фановите на овој клуб. Во случајов, тој ги игнорираше тие со дрес од Ал-Итихад, а без проблем се потпиша на дрес на Реал Мадрид. Тој поминуваше покрај фановите а кога го виде дресот на Реал Мадрид веднаш застана и стави автограм и потоа веднаш замина, игнорирајќи ги фановите на неговиот сегашен клуб.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.