Бензема реши да се пензионира, ќе добие улога во Реал Мадрид

December 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Бензема реши да се пензионира, ќе добие улога во Реал Мадрид

Карим Бензема одлучил да го заврши својот фудбалски пат по крајот на оваа сезона, иако неговиот договор со саудискиот клуб Ал-Итихад важи до летото 2026 година. Оваа неочекувана вест ја објави шпанскиот медиум „Relevo“, кој додаде дека Бензема планира да се врати во Реал Мадрид, но не како играч, туку како амбасадор на клубот на глобално ниво, со посебен акцент на арапските земји. Иако Бензема е голема ѕвезда во Саудиска Арабија и лидер на тимот на Ал-Итихад со 10 голови во 11 натпревари (истиот број на голови како Кристијано Роналдо), неуспехот да се адаптира на новата средина и климатските услови го натерале да ја донесе оваа тешка одлука. Според извори, Бензема се чувствува уморен не само физички, туку и психички од животот во Саудиска Арабија, што го доведе до одлуката да ја заврши кариерата. Во исто време, неговото заминување нема да биде проблем за Ал-Итихад. Клубот сигурно нема да се противи ако Бензема реши да го прекине договорот и да ја заврши својата кариера една сезона порано. Со неговата годишна заработка од 100 милиони евра, неговото повлекување би било значителна финансиска заштеда за клубот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.