March 18, 2025 | | Свет
Бразилскиот играч од средниот ред, Лукас Пакета (27), кој настапува за Вест Хем Јунајтед, се наоѓа пред најголемиот предизвик во својата кариера – дисциплинско сослушување кое може да ја одреди неговата фудбалска иднина. Тој е обвинет дека намерно добивал жолти картони за неговото семејство и пријатели да профитираат преку обложување. Истражителите утврдиле дека околу 60 облози биле поставени на неговите картони во натпревари од 2022 и 2023 година, со влогови меѓу 7 и 400 фунти, а дел од нив се поврзани со негови блиски луѓе. Пакета категорично ги отфрла обвиненијата, истакнувајќи дека неговиот стил на игра е агресивен и честопати доведува до опомени. Неговиот правен тим нагласува дека обложувањето на жолти картони е популарно и независно од неговите постапки, а „Гардијан“ пренесува дека фудбалерот активно соработува со истрагата, предавајќи мобилен телефон, телефонски записи и банкарски податоци. Поради истрагата што ја започна ФА, минатото лето му пропадна трансферот во Манчестер Сити вреден 95 милиони евра. Тој, исто така, се повлече од бразилската репрезентација за да се фокусира на правната битка. Доколку се докажат обвиненијата, Пакета може да се соочи со доживотна суспензија од фудбалот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |