Беше платен 70 милиони евра, сега падна на допинг тест!

December 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Беше платен 70 милиони евра, сега падна на допинг тест!

Фудбалерот на Челси и украински репрезентативец, 23-годишниот Михајло Мудрик, паднал на допинг-тест, јавуваат медиумите во Велика Британија. Украинецот е привремено суспендиран додека се чекаат резултатите од вториот тест, а одлуката за неговата иднина ќе зависи од тоа што ќе покажат анализите. Засега не е познато која супстанца била откриена во организмот на Мудрик, но се очекува дека ќе биде ставен на пауза најмалку до крајот на сезоната. Челси и Мудрик сè уште не се изјасниле за овој случај, но се верува дека оваа ситуација ќе има сериозни последици како за самата кариера на фудбалерот, така и за клубот кој го купи за голема сума. Последниот натпревар во дресот на Челси го одигра против германскиот Хајденхајм на 28 ноември во Конференциската лига.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.