Бешиткаш на дебито на Солскјер го потопи Атлетик Билбао (ВИДЕО)

January 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Бешиткаш на дебито на Солскјер го потопи Атлетик Билбао (ВИДЕО)

Оле Гунар Солскјер ја започна својата авантура на клупата на Бешикташ со стил, остварувајќи убедлива победа од 4-1 над Атлетик Билбао, кој дотогаш немаше пораз во Европа оваа сезона. Турскиот клуб со оваа победа го запиша својот трет триумф во Лигата на Европа, покажувајќи дека е подготвен за ново поглавје под водството на Солшер. Натпреварот започна одлично за домаќините, кога Рашица го отвори резултатот во 17. минута, давајќи надеж за триумф. Сепак, Атлетик Билбао не се предаде лесно, а Гомез постигна гол за израмнување пред самиот крај на првото полувреме. Во второто полувреме, Бешикташ доминираше и ја презеде контролата. Рашица повторно се запиша во листата на стрелците на истекот од еден час игра, а Рафа Силва со гол во 77. минута ја зголеми предноста на 3-1. Конечниот резултат беше поставен од Жоао Марио, кој во втората минута од судиското продолжение успешно реализираше пенал. Со оваа победа, Бешикташ доби нова доза самодоверба, додека Атлетик Билбао, кој останува на втората позиција зад Лацио, го почувствува вкусот на пораз за првпат сезонава.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.