August 11, 2024 | | Свет
Бешиткаш се откажа од ангажирање на Киеза поради неговите финансиски барања. Тренерот на Јувентус Тијаго Мота јавно кажа дека Киеза слободно може да си бара нов клуб и се очекува да го напушти тимот од Торино во текот на летото. Потпретседателот на турскиот гигант Бешикташ, Хусеин Јукел тврди дека Италијанецот барал плата од околу 9 милиони евра по сезона. „Точно е дека разговаравме за Федерико Киеза пред десетина дена. Но, играчот има очекувања за годишна плата од околу 9 милиони евра, во комбинација со желбата на Јувентус за трансферна сума од околу 15 милиони евра. Барањата се нелогични и не можеме да ги исполниме. Затоа овој играч веќе не претставува интерес за нас. Интересите на клубот се поважни од имињата на фудбалерите“, изјави потпретседателот на Бешикташ.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |