Безобразен потег на Бразилците: Го игнорираа селекторот и сами се договорија кој ќе шутира пенали! (ВИДЕО)

July 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Безобразен потег на Бразилците: Го игнорираа селекторот и сами се договорија кој ќе шутира пенали! (ВИДЕО)

Бразил загуби од Уругвај на пенали и така отпаднаа од Копа Америка во еден интересен дуел. Во овој натпревар имаше сѐ, од конфликти и тепачки, па до црвен картон. Бразил веќе одреден период е во играчка криза, а ниту овој селектор не успеа да ги корегира проблемите во селекцијата. Пред самиот почеток на пенал серијата, дојде до една незгодна ситуација која очигледно покажува како стојат работите во репрезентацијата во моментов. Во моментите кога селекторот Доривал Жуниорсе се обидуваше да им дава совети, бразилските играчи го оставија селекторот надвор од кругот, а за разлика од него, Марсело Биелса беше во центарот на кругот и даде точни инструкции за пенал рулетот каде играчите со внимание го слушаа, па очигледно е дека во Уругвај има хармонија и слога, за разлика од Бразил. Гледачите останаа шокирани од однесување на ѕвездите во репрезентацијата, па виралното видео го посочија како срамно и разочарувачко.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.