„Би-Би-Си“ го навреди Роналдо и го нарече „Мистиано Пеналдо“, реагираше и Џон Тери!

July 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

„Би-Би-Си“ го навреди Роналдо и го нарече „Мистиано Пеналдо“, реагираше и Џон Тери!

„Би-Би-Си“ очигледно реши да се пошегува со Кристијано Роналдо откако тој го промаши пеналот во продолженијата. Овој медиум Роналдо го нарече „Misstiano Penaldo“, едниот со значење, „miss“ (промашување) и другиот со значење „penalty“ (пенал). Потегот е непрофесионален без разлика од кој медиум и да доаѓа. Поранешниот капитен на Англија и Челси, Џон Тери, го изрази своето незадоволство на социјалните мрежи, велејќи дека тоа е срамен потег на „Би-Би-Си“. Роналдо ги погоди рамките на голот, но Јан Облак го одбрани неговиот удар.

 

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.