Биелса: Фудбалот има се повеќе навивачи, а станува се помалку атрактивен

July 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Биелса: Фудбалот има се повеќе навивачи, а станува се помалку атрактивен

Легендарниот аргентински селектор Марсело Биелса со Уругвај го исфрли Бразил од Копа Америка, но тој изрази големо незадоволство за фудбалот кој генерално се игра. Тој изрази голема загриженост за иднината на фудбалот. „Фудбалот има се повеќе навивачи, а станува се помалку атрактивен. Она што некогаш ја правеше оваа игра најдобра веќе не е приоритет. Тој процес еднаш ќе заврши, без оглед на тоа колку луѓе ќе гледаат фдбал. Доколку не обезбедите она што гледаат луѓето да биде пријатно тоа ќе биде само добро за работа бидејќи сега е важен само бројот на луѓето кои ги гледаат натпреварите“, вели Биелса. Тој додаде дека за неколку години ќе има се помалку фудбалери кои заслужуваат да се гледаат, дека тие генерираат фудбал кој не е атрактивен и така овој вештачки процес на навивачи ќе престане. „Фудбалот не е само пет минути „хајлајтс“, фудбалот е многу повеќе од тоа – културолошки израз, начин на идентификација. Има луѓе кои ги гледаат само најинтересните моменти, но тоа нема врска со есенцијата на играта поради кој сме се заљубиле во истата“, изјави Биелса. Доказ за ова е моменталното Европско првенство каде селекциите се премногу претпазливи, се игра фудбал без енергија и без многу ризик.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.