Бил лошо третиран во Еспањол, па сега сака да им го купи клубот!

August 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Бил лошо третиран во Еспањол, па сега сака да им го купи клубот!

Мартин Брејтвајт смета дека бил лошо третиран во Еспаљол па затоа сега сака да го купи клубот. Тој замина како слободен играч од Еспањол и се пресели во Гремио, а сега размислува да го купи клубот од Барселона, пренесе „Marca“. Иако постигна 22 гола и имаше две асистенции во 39 натпревари, сепак тој замина од клубот. Наводно, неговиот вкупен имот вреди над 250 милиони фунти. „Сега треба да уживаме и ќе видиме што ќе се случи во иднина. Не знам ништо, ќе разговарам за тоа во наредните денови. Пред една година клубот ми понуди продолжување, но тоа беше навредливо. Ајде да видиме дали сакаат да останам тука бидејќи понудата која ми ја дадоа пред една година покажа дека тие немаат верба во мене“, рече Брејтвајт за време на прославата за враќањето на Еспањол во Ла Лига. Освен што заработува од фудбалот, Брејтвајт е сопственик на агенција за недвижнини во САД, ресторан во Гава и линија на облека, според „Forbes“ тој е еден од најбогатите фудбалери на денешницата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.