December 25, 2024 | | Свет
Судбината на Елиф Елмас во Лајпциг и дефинитивно е завршена. Според „Bild“, македонскиот фудбалер сака да се врати во Италија и да ја продолжи својата кариера таму. Елмас е свесен дека од Марко Розе е малку веројатно да добие значајна шанса во блиска иднина. Наводно, односот помеѓу Елмас и Розе не е најдобар. Раководството на Лајпциг ќе биде подготвено да го пушти Елмас, но се чини дека чекаат конкретна понуда, со цел да го надоместат дел од износот од 24 милиони евра, што го платија за трансферот на Елмас минатата зима. Името на италијанскиот клуб кој го интересира Елмас засега е непознато. Од друга страна, турските клубови Фенербахче и Галатасарај се и натаму заинтересирани за него. Меѓутоа, двата гиганта би сакале да го земат на позајмица, што не се вклопува со плановите на Лајпциг. Сепак, и за оваа опција би можело да се преговара. Во наредните денови и недели се очекуваат повеќе информации за неговата иднина.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |