September 8, 2024 | | Свет
Селекцијата на Франција веќе некое време не игра на своето потребно ниво, а последен негативен резултат беше поразот од Италија со 3-1 каде фудбалерите не покажаа желба за игра каде од другата страна, Италијанците беа агресивни и решителни за да триумфираат. По натпреварот се случувал хаос во соблекувалната на Франција. Имено, според „L'Equipe“, голманот Мењан им држел лекции на соиграчите каде дури вербално ги нападнал Мбапе и Гризман каде им рекол дека повеќе се трудат за своите клубови отколку за репрезентацијата. Голманот им и рекол и дека само двајца Италијанци можат да бидат стартери во Франција, но дека на овој натпревар сите нивни фудбалери покажале желба и агресивност и затоа победиле. Во редовите на Франција нешто ќе мора да се менува каде очигледно е дека лошата форма и игра продолжува и по Европското првенство.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |