Било тензично: Снимки од расправијата пред да биде избоден таткото на Јамал! (ВИДЕО)

August 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Било тензично: Снимки од расправијата пред да биде избоден таткото на Јамал! (ВИДЕО)

Весникот „La Vanguardia“ вчера излезе со информација дека таткото на Ламин Јамал, Мунир Насрауи, бил нападнат и избоден со нож на паркинг во Матар, градот во кој е роден Ламин. Тој итно бил пренесен во болницата Кан Рути во Бадалона. Состојбата во моментов е стабилна. Полицијата уапси тројца, а по четвртиот се трага. Наводно, на се' претходел претходен вербален конфликт меѓу Мунир и насилникот. Весникот „El Periodico“ открива дека Мунир всушност бил нападнат од приврзаниците на тврдодесничарската шпанска политичка партија VOX, за која е позната за нејзините ксенофобични ставови, расизмот, неофашизмот, антиимигрантската политика и сите други придружни гадости. Таткото на Ламин наводно имал многу среќа бидејќи буквално бил на сантиметри оддалечен од фатален исход. Новинарката Мајка Наваро открива дека конфликтот започнал додека Мунир мирно го шетал своето куче низ соседството. Во еден момент некој од ведро небо му фрлил поголема количина вода од балконот и почнал расистички да го навредува. Мунир се оддалечил оттаму, но сторителите очигледно имале незавршена работа. Минатата година тој беше обвинет за прекршок од шпанската полиција затоа што налетал на шаторски камп од кој приврзаниците на VOX расистички ги навредувале него и неговото семејство, физички се пресметале со нив и им срушиле неколку шатори. Сега пак, на социјалните мрежи се појави видео од расправијата што му претходеше на прободувањето.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.