Битка меѓу Јунајтед и Реал за Јоро: Лил му кажа „ДА“ на Манчестер, Реал би чекал да го земе и бесплатно!

July 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Битка меѓу Јунајтед и Реал за Јоро: Лил му кажа „ДА“ на Манчестер, Реал би чекал да го земе и бесплатно!

Манчестер Јунајтед испрати понуда од над 50 милиони евра за стоперот на Лил Лени Јоро и истата беше прифатена од францускиот клуб. Лил инсистира Јоро да ја прифати оваа понуда бидејќи е најдобрата понуда за овој фудбалер во моментов, пренесува Фабрицио Романо За Јоро пак секогаш приоритет беше Реал Мадрид, но сега одлуката е на него. Реал Мадрид е мирен и покрај понудата на Јунајтед, но тие инсистираат договорот да биде завршен под нивни услови, а тоа е трансферот да чини под 60 милиони евра. Тие дури се спремни и да чекаат до наредното лето кога тој би можел бесплатно да им се придружи. Јоро се смета за еден од најперспективните дефанзивци. Тој има само 18 години, а според Transfermarkt, тој вреди 50 милиони евра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.