Бобан удри по член од управата на Милан: Врска нема од фудбал!

May 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Бобан удри по член од управата на Милан: Врска нема од фудбал!

Звонимир Бобан, легендарниот фудбалер на Милан, кој најдобрите моменти од својата кариера ги помина во дресот на „росонерите“, пред пет години имаше и кратка, но бурна епизода како дел од управата на клубот. Неговиот ангажман како директор заврши неславно, откако влезе во конфликт со управата под водство на семејството Елиот. Иако поминаа речиси пет години, Бобан и денес не крие незадоволство од одредени луѓе кои сè уште се на клучни позиции во Милан. Тој отворено ја критикува улогата на Паоло Скарони, актуелниот претседател на клубот, кој ја задржа функцијата и во новата ера под раководство на Џери Кардинале. „Скарони нема ништо заедничко со фудбалот. Тој можеби е успешен директор во други области, но фудбалот не е една од нив. Никогаш не требаше да биде дел од овој спорт“, изјави Бобан, додавајќи дека постојат луѓе кои, поради моќ или углед, доаѓаат на позиции кои реално не ги заслужуваат. Според него, апсурдно е што некој како Скарони има толкаво влијание во клубот со толку богата фудбалска историја како Милан. Тој се присети и на еден конкретен инцидент што ја запечати нивната релација. „Требаше да го претставувам клубот на состанок со италијанското фудбалско тело, а Малдини предложи да одам јас, бидејќи имам искуство. Скарони ми побара „си-ви“. Му реков да од…е и го исфрлив од канцеларија. Ме праша што сум правел во фудбалот, а јас само му возвратив: што бараш ти во фудбалот?“, искрено раскажа Бобан.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.