February 19, 2025 | | Свет
Милан синоќа не успеа да избори пласман понатаму во Лигата на шампионите, откако одигра 1-1 против Феенорд, а клучен момент во натпреварот беше исклучувањето на Тео Ернандез. Тимот на Стефано Пиоли имаше предност од 1-0 и целосна контрола врз играта, но ситуацијата се промени поради непромислен потег на Ернандез. Францускиот бек доби втор жолт картон за симулирање пенал, а тоа беше пресвртница која Феенорд знаеше како да ја искористи. Холандскиот тим постигна израмнувачки погодок и на крајот се радуваше на пласман во следната фаза. Легендата на Милан, Звонимир Бобан, остро го критикуваше Ернандез за неговото однесување, но и клубот што не успеал да го научи да ги избегнува вакви ситуации. „Тео Ернандез прави вакви глупости со години, а никој во клубот не се потрудил да го коригира. Вториот жолт картон беше апсолутно непотребен и непромислен. Не може да си дозволите вакви потези на ова ниво“, изјави Бобан. Тој додаде дека левиот бек од почетокот на сезоната не е на нивото што се очекува од него. „Гледаме поинаков Тео, не изгледа заинтересиран, како да нема желба ниту да се обиде да направи нешто на теренот“, додаде тој.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |