Италијански тим тргнува по Миовски кој би можел да игра Лига на шампиони следната сезона!

July 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Италијански тим тргнува по Миовски кој би можел да игра Лига на шампиони следната сезона!

Според информациите на италијанскиот фудбалски инсајдер Џанлука ди Марцио, Болоња е заинтересирана за македонскиот репрезентативец Бојан Миовски. Неговите информации се дека по извршените лекарски прегледи од страна на Николо Камбиаги, Болоња продолжува да работи на пазарот во Шкотска и се сериозни во намерата да го ангажираат Миовски како засилување во нападот. Болоња заврши на петата позиција во Серија А претходната сезона а бидејќи тимовите од Италија постигнаа добри резултати во Европа изминативе сезони, тимот кој заврши на петата позиција во лигата, а тоа е Болоња, ќе игра во Лигата на шампионите. Миовски постигна 14 гола во тамошната Премиер лига, а повеќе информации ќе следуваат наскоро.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.