August 29, 2025 | | Свет
Македонскиот напаѓач Бојан Миовски е на прагот да стане нов фудбалер на Глазгов Ренџерс, а неговото деби би можело да се случи токму во најголемото дерби на шкотскиот фудбал – против Селтик во недела. Според информациите од островските медиуми, зделката е практично завршена и утре се очекува официјална потврда од клубовите. Ренџерс ќе плати 2,6 милиони фунти веднаш, а дополнителни 1,6 милиони фунти во бонуси, што значи дека вкупната вредност на трансферот ќе достигне 4,2 милиони фунти (околу 4,9 милиони евра). Доколку сите административни процедури бидат завршени навреме, Миовски ќе биде регистриран за настап и ќе добие шанса да заигра на славното дерби „Олд Фирм“ против Селтик, што би било спектакуларно деби за нашиот репрезентативец. Миовски веќе има одлично искуство во Шкотска од времето кога го носеше дресот на Абердин, каде што за кратко време стана еден од најдобрите напаѓачи во лигата. Сега, неговата мисија е уште поголема – да му помогне на Ренџерс во борбата за титулата и во европските натпреварувања.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |