Бојан Миовски се најде во тимот на колото во Ла Лига!

November 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Бојан Миовски се најде во тимот на колото во Ла Лига!

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го одигра најдобриот натпревар во дресот на Жирона каде во победата од 4-1 над Еспањол, тој запиша два гола и една асистенција. Одличниот настап му обезбеди место во тимот на колото во Ла Лига. Во идеалниот состав има само еден играч со повисока оценка од Миовски, тоа е неговиот соиграч Брајан Хил кој му асистираше и за двата гола на Македонецот, а и самиот се запиша во листата на стрелци. Хил има оценка 9,1.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.