Боксови и палки во подземјето – тепачка меѓу фанови на Интер и ПСЖ (ВИДЕО)

May 31, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Боксови и палки во подземјето – тепачка меѓу фанови на Интер и ПСЖ (ВИДЕО)

Во главниот град на Баварија, неколку часа пред почетокот на финалниот натпревар меѓу ПСЖ и Интер, Минхен беше потресен од жестоки инциденти. Според светските медиуми, најголемиот хаос избувнал во метрото, каде што конфликтот меѓу навивачките групи кулминирал со фрлање факели и пиротехнички експлозии. Првиот конфликт настанал кога навивачи на Интер подготвиле заседа за ултрасите на ПСЖ, по што следела физичка пресметка. Насилството се проширило и на следната станица, каде што патниците во паника почнале масовно да бегаат. Иако финалето сè уште не е започнато, тензијата веќе ја надминува спортската рамка, особено меѓу најжестоките поддржувачи на двата клуба. Германската полиција и локалните власти реагирале со засилени мерки на безбедност, бидејќи атмосферата цел ден била крајно напната.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.