May 14, 2025 | | Свет
Најубавата фудбалска бајка оваа сезона ја испиша Болоња која во финалето на Купот на Италија сензационално го совлада фаворизираниот Милан со 1-0 и го подигнаа својот прв трофеј по повеќе од половина век. Херојот на вечерта беше Дан Ндоје, кој во 53. минута ја затресе мрежата и му донесе златна победа на клубот, кој последен пат триумфираше во ова натпреварување уште во 1974 година. Ова е нивна трета титула во Купот, и историски момент за генерациите навивачи кои со децении чекаа вакво славје. Голот погледнете го ТУКА. Иако Милан пред само неколку дена славеше со 3-1 против истиот противник во Серија А, финалниот дуел беше сосема поинаква приказна. Тимот на Болоња излезе со срце, со визија и со неверојатна решеност каде токму таа комбинација беше пресудна. На спротивната страна, пораз и разочарување за Милан, кој не само што го загуби трофејот, туку сега се соочува и со реална закана да остане без учество во европските натпреварувања наредната сезона. Клубот моментално се наоѓа на осмата позиција на табелата и иднината изгледа сè понеизвесна.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |