БОМБА НА „МАРАКАНА“: Марко Арнаутовиќ пристигнува во Црвена Звезда!

July 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

БОМБА НА „МАРАКАНА“: Марко Арнаутовиќ пристигнува во Црвена Звезда!

Црвена Звезда го подготвува еден од најголемите трансфери во историјата на српскиот фудбал – Марко Арнаутовиќ, австрискиот репрезентативец и поранешен напаѓач на Интер, во понеделник слетува во Белград за да стави потпис со најтрофејниот клуб на Србија! Иако до неодамна изгледаше нереално ѕвезда од калибарот на Интер да се пресели на „Маракана“, Звезда успеа да направи вистински фудбалски земјотрес. Арнаутовиќ, кој минатата сезона со Интер стигна до финале на Лигата на шампионите, ќе дојде физички подготвен, бидејќи индивидуално тренирал со приватен тренер. Арнаутовиќ е засилување кое може веднаш да направи разлика и да биде лидер на теренот, а неговото доаѓање дефинитивно го крева квалитетот и угледот на српската Суперлига.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.