June 11, 2025 | | Свет
Лирој Сане го известил Баерн Минхен дека нема намера да го продолжи договорот и ќе го напушти клубот како слободен агент. Германскиот репрезентативец ја одбил подобрената понуда од Баварците и веќе ја донел конечната одлука за разделба. Иако неговото име кружеше во трансфер шпекулации поврзано со неколку големи европски клубови, изненадувачки најблиску до неговиот потпис е турскиот шампион – Галатасарај. Преговорите помеѓу двете страни се во напредна фаза, а од таборот на „лавовите“ владее голем оптимизам. Очекувањата се дека Сане наскоро ќе стави потпис и во следната сезона ќе ги носи жолто-црвените бои на истанбулскиот гигант. Ако трансферот се реализира, тоа ќе биде едно од најголемите засилувања во поновата историја на турската Суперлига.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |