„Бомба“ од Турција: Мурињо тргнува по Де Брујне!

December 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

„Бомба“ од Турција: Мурињо тргнува по Де Брујне!

Турските медиуми утрово пренесоа шокантни најави, кои велат дека Фенербахче наскоро планира да го донесе Кевин де Брујне, еден од најдобрите фудбалери на светот во последната деценија, од Манчестер Сити. Белгиецот е избран од фудбалски клубови од сите краеви на светот, а утрово турскиот весник „Fanatic“ објави навистина бомбастична вест. Фенербахче наводно веќе има план за реализирање на најголемиот трансфер во историјата на турскиот фудбал, а тоа би било доведувањето на Де Брујне во своите редови. Улогата за овој амбициозен проект му е доверена на Марио Бранко, спортскиот директор на Фенербахче, кој добил задача од клубпката управа да воспостави контакти и да се обиде во наредниот период да го доведе белгискиот ас. Интересно е што Бранко порано беше задолжен и за спортскиот сегмент во сплитскиот Хајдук. Де Брујне заработува 400.000 фунти неделно, што е највисока плата во Премиер лигата. Интерес има и од Саудиска Арабија за услугите, а тоа е уште еден проблем за Фенер, покрај големата негова плата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.