Бомбастична вест од Турција: Осимен и Манчестер Јунајтед си подале рака!

April 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Бомбастична вест од Турција: Осимен и Манчестер Јунајтед си подале рака!

Виктор Осимен блеска во дресот на Галатасарај оваа сезона, постигнувајќи 29 гола на 34 натпревари за тимот на Окан Бурук. Иако е во сопственост на Наполи, Нигериецот беше позајмен во турскиот гигант и веднаш направи вистински бум. Сепак, најновите информации од Турција откриваат дека кариерата ќе ја продолжи во Англија, поточно во Манчестер Јунајтед. Според неколку извори, Осимен веќе ги договорил личните услови со „црвените ѓаволи“ и ќе заработува годишна плата од 15 милиони евра на „Олд Трафорд“. Иако минатата година го продолжи договорот со Наполи до декември 2023, каде што добиваше 10 милиони евра по сезона, ниту еден клуб не ја активираше откупната клаузула од 120 милиони евра. Сега, цената на Осимен е проценета на околу 80 милиони, што го прави далеку подостапен за заинтересираните клубови. Меѓу кандидатите за неговиот потпис се спомнуваа Јувентус, Арсенал, Челси и Пари Сен Жермен, но Манчестер Јунајтед се наметна како главен фаворит. Дополнителен притисок врз Наполи претставува клаузулата во договорот која предвидува автоматско продолжување на соработката за уште една година доколку не биде продаден до крајот на јуни.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.