Боно го шокираше Манчестер Сити со спектакуларната одбрана! (ВИДЕО)

July 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Боно го шокираше Манчестер Сити со спектакуларната одбрана! (ВИДЕО)

Голманот на Ал Хилал, Јасин Боно, блесна како вистински херој во сензационалната победа над Манчестер Сити. Со дури 10 одбрани, тој беше непремостлива пречка за англискиот шампион. Но, интервенцијата при шутот на Савињо посебно се издвои. Иако веќе беше на тревата, Боно со неверојатна еластичност и брзина ја испружи раката и со крајни напори го одбрани ударот кој сите го видоа во мрежата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.