May 7, 2025 | | Свет
Сè е подготвено за уште една незаборавна ноќ во Лигата на шампионите. Вечерва на „Паркот на принцовите“ во Париз ќе се одлучи кој ќе му се приклучи на Интер во големото финале што ќе се игра на 31 мај во Минхен. ПСЖ ја брани минималната предност од 1:0 од првиот натпревар против Арсенал, но Англичаните најавуваат жесток одговор. Микел Артета е полн со оптимизам и мотивација, најавувајќи дека неговиот тим оди во Париз не само да се бори, туку и да победи. „Ако сакате да ја освоите Лигата на шампионите, мора да направите нешто извонредно. Убеден сум дека можеме да успееме.“ Од другата страна, Луис Енрике и ПСЖ се подготвени да го затворат полуфиналниот двомеч пред своите навивачи. Тензијата ја зголемува и изјавата на Ашраф Хакими. „Ова е моментот да покажеме што значи овој клуб и зошто сме тука. Сме на чекор од историја.“ И двата тима сонуваат за својата прва титула во Лигата на шампионите. Финалниот билет ќе оди кај оној што вечерва ќе покаже поголема зрелост, срце и ментална сила.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |