Босански тренер загина од удар од гром

August 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Босански тренер загина од удар од гром

Ужасна вест доаѓа од Босна и Херцеговина каде поранешниот тренер на Сараево, Џенан Ушчуплиќ загина на 48-годишна возраст од удар од гром. Ушчуплиќ бил погоден од гром додека планинарел со група на Зеленгора. Тој бил фудбалер на Сараево, а откако ја завршил фудбалската кариера работел како тренер во младинскиот погодон, па го водел и првиот тим. Како фудбалер на Сараево, во три наврати Ушчуплиќ освоил три титули во Купот на БиХ и еден Суперкуп со клубот во три наврати.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.