December 14, 2024 | | Свет
Италијанскиот фудбалски клуб Фиорентина објави дека фудбалерот од средниот ред, Едоардо Бове (22), кој колабираше на теренот за време на натпреварот против Интер на 1 декември, е ослободен од болница и се опоравува. Во вторникот, на Бове му беше вграден срцев дефибрилатор, апарат кој функционира како пејсмејкер и може да спречи фатални срцеви проблеми. Поради вградувањето на дефибрилаторот, Бове ќе мора да донесе важна одлука во иднина, бидејќи Серија А забранува играње со ваков медицински уред. Тоа значи дека младото момче ќе се соочи со тешка дилема дали да го задржи дефибрилаторот или да го отстрани. Потсетник на слична ситуација е случајот со данскиот фудбалер Кристијан Ериксен, кој во 2021 година, за време на натпреварот против Финска на Европското првенство, претрпе срцев удар. Тој исто така беше опериран и му беше вграден срцев дефибрилатор, што му наложи да ја напушти Интер и да ја продолжи кариерата во Брентфорд.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |