Брајтон одби понуда од скоро 100 милиони за Јапонецот!

January 31, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Брајтон одби понуда од скоро 100 милиони за Јапонецот!

Саудискиот гигант Ал Наср не се откажува од намерата да го донесе Каору Митома во своите редови, но Брајтон повторно остана цврст во својата одлука. Според реномираниот новинар Фабрицио Романо, клубот од Премиер лигата ја одбил и втората понуда вредна 95 милиони евра, јасно ставајќи до знаење дека не планира да се раздели со својот јапонски ас. Откако првиот обид на Ал Наср беше одбиен, клубот испрати уште побогата понуда, но „галебите“ не подлегнаа на финансиското искушение. Решени се по секоја цена да го задржат Митома како клучен дел од својата екипа. Доколку трансферот се реализираше, оваа зделка ќе се најдеше меѓу најголемите десет продажби во историјата на Премиерлигата. Сепак, Брајтон останува непопустлив и засега Митома останува на „Амекс“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.