Бразил едвај победи, Аргентина се сопна кај Венецуела (ВИДЕО)

October 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Бразил едвај победи, Аргентина се сопна кај Венецуела (ВИДЕО)

Бразил и Аргентина ги одиграа своите дуели во рамките на квалификациите за Светското првенство во Јужна Америка каде Бразил успеа некако да слави со 2-1 против Чиле на гостински терен, а Аргентина одигра 1-1 кај Венецуела. Голот на Чиле дојде уште во втората минута преку Едуардо Варгас, а во првиот дел во судиското надополнување Да Круз го врати Бразил во игра. И кога се очекуваше двете селекции да одиграат реми, тука беше Луис Енрике да постигне гол во 89. минута за победа на Бразил. Од друга страна, Венецуела и Аргентина одиграа нерешени 1-1 на терен кој беше преполн со вода поради обилните дождови. Резултатот го отвори Отаменди во 13. минута, а во 65. минута Рондон го изедначи резултатот и ги постави конечните 1-1. РЕЗУЛТАТИ Чиле - Бразил 1-2 Еквадор - Парагвај 0-0 Венецуела - Аргентина 1-1 Боливија - Колумбија 1-0 Перу - Уругвај вечер ТАБЕЛА: Аргентина 19 бода, Колумбија 16, Уругвај 15, Бразил 13, Еквадор и Боливија по 12, Венецуела 11, Парагвај 10, Чиле 5, Перу 3.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.