Бразил покажа дека знае и умее, Винисиус постигна два гола (ВИДЕО)

June 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Бразил покажа дека знае и умее, Винисиус постигна два гола (ВИДЕО)

Бразил конечно покажа што може и умее на Копа Америка каде во второто коло од групната фаза славеа со 4-1 против Парагвај. Наатпреварот практично беше завршен уште во првото полувреме каде Бразил веќе водеше со 3-0. Напрво, во 31. минута Пакета промаши пенал, четири минути подоцна Винисиус погоди. Во 43. минута гол постигна новиот играч на Манчестер Сити Савио, а Винисиус постигна уште еден гол пред крајот на првото полувреме. Во второто полувреме, поточно во 48. минута возврати и Парагвај со голот на Алдерете, четвртиот гол за Бразил го постигна Пакета од пенал каде вториот пат беше сигурен. Во оваа група Д, Колумбија е лидер со шест бода, Бразил има четири, Коста Рика има еден бод и Парагвај е без бодови. Бразил скоро сигурно поминува понатаму дури и да изгуби против Колумбија во последното коло.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.