June 11, 2025 | | Свет
Бразил обезбеди место на Светското првенство во 2026 година, откако во тесен меч го совлада Парагвај со 1-0. Ова беше прва победа на „кариоките“ под водство на Карло Анчелоти, кој конечно запиша три бода на клупата на селекцијата. Единствениот гол го постигна Винисиус Жуниор во самиот финиш од првото полувреме, доволно за Бразил да ја запечати визата за Мундијалот, два круга пред крајот на квалификациите. Со седум бода предност пред петтопласираната Венецуела, „селесао“ и математички е сигурен патник на СП. Во дербито на вечерта, Аргентина и Колумбија одиграа 1-1. Луис Диаз со прекрасно реализиран гол донесе водство за гостите во 24. минута. Работите се влошија за Аргентинците кога Енцо Фернандез доби директен црвен картон во 70. минута, но во 80. минута Тијаго Алмада успеа да израмни и да ги спаси „гаучосите“ од пораз. Уругвај ја совлада Венецуела со 2-0 и практично се пласираше на Светското првенство. Иако сè уште не е математички сигурно, со оглед на огромната гол-разлика, шансите некој да ги престигне се речиси невозможни. Во останатите натпревари, Боливија со 2-0 го победи Чиле и си ја зголеми самодовербата во завршницата на циклусот, додека Перу и Еквадор одиграа натпревар без голови – 0-0.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |