Бразил убедлив против Чиле – ново моќно издание под водство на Анчелоти (ВИДЕО)

September 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Бразил убедлив против Чиле – ново моќно издание под водство на Анчелоти (ВИДЕО)

Бразилската репрезентација славеше со 3-0 над Чиле во квалификациски натпревар, и тоа без неколку од своите најголеми ѕвезди како Нејмар, Винисиус и Родриго. Избраниците на Карло Анчелоти уште еднаш покажаа сила и доминација. Првиот гол падна во 38. минута, кога талентираниот Естевао ја затресе мрежата за водство од 1-0, резултат со кој заврши првото полувреме. Во вториот дел, темпото уште повеќе се засили. Лукас Пакета само една минута по влезот во игра погоди за 2-0 во 72. минута, а четири минути подоцна Бруно Гимараеш ја заокружи убедливата победа со третиот гол. Бразил под водство на Анчелоти изгледа се поконкурентно и моќно, а победата против Чиле е нова потврда за амбициите на „Кариоките“ да доминираат во квалификациите.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.