Бразилската легенда тврди: Роке ќе докаже дека Барса згреши што го пушти!

August 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Бразилската легенда тврди: Роке ќе докаже дека Барса згреши што го пушти!

Легендата на фудбалот и поранешен напаѓач на Барселона Ривалдо е незадоволен што Барселона го пушта Витор Роке да замине, па макар и на позајмица каде вели дека каталонскиот клуб прави огромна грешка. Барселона засега има платено околу 30 милиони евра за Бразилецот, а другите 30 се за бонуси, но најверојатно се поврзани со индивидуални успеси, како и трофеи, па така засега Каталонците имаат платено само околу 30 милиони евра. Интересно е што Роке не се наметна ниту кај Чави, ниту кај Фликс, а сега ќе замине во Реал Бетис на едногодишна позајмица. „Витор Роке ќе покаже дека Барселона греши со него. Тој има се за да биде успешен во Бетис, со минутажата и поддршката од фановите, ќе успее и ќе докаже дека Барса погреши“, вели Ривалдо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.