June 28, 2025 | | Свет
Преговорите помеѓу Манчестер Јунајтед и Брентфорд околу камерунскиот напаѓач Брајан Мбеумо влегуваат во вжештена фаза. По одбивањето на првичната понуда од 65 милиони евра, „црвените ѓаволи“ испратија подобрена понуда од 73 милиони евра, но и таа беше одбиена од „пчелите“, пренесува „Скај Спортс“.
И покрај тоа, Јунајтед не планира да се повлече од трката. Според медиумите на Островот, Мбеумо веќе дал јасен сигнал дека сака преселба на „Олд Трафорд“, и одбил интерес од Тотенхем, како и опцијата да остане во Брентфорд.
Менаџерот Рубен Аморим е решен да го донесе 25-годишниот напаѓач како нов офанзивен партнер на Матеус Куња – првото големо засилување за сезоната 2025/26. Преговорите продолжуваат, а во Манчестер веруваат дека конечниот договор е прашање на време.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |