Бројките не лажат: Сити е ужасен без Родри!

November 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Бројките не лажат: Сити е ужасен без Родри!

Манчестер Сити игра во очајна форма во моментов, а репрезентативната пауза која полека завршува би можела да им дојде добро. Досега на Гвардиола никогаш претходно му се нема случено да запише четири порази по ред. Но, проблемот на Сити има име: Родри. Шпанецот се повреди на 22. септември во дуелот против Арсенал каде ги скина лигаментите и скоро па сигурно тој нема да игра повторно сезонава, иако тој изјави дека смета дека може да се врати пред да заврши истата. Колку Сити не може без Родри покажуваат бројките. Имено, од почетокот на минатата сезона, тие одиграле 53 натпревари кога тој бил во составот и изгубиле само еднаш, тоа е поразот во финалето на ФА Купот против Манчестер Јунајтед. Кога тој не играл за Сити, а тоа се случило во 24 наврати, Сити има дури осум порази и процент на победи од само 58 отсто. Кога тој играл пак, процентот на победи бил 74 отсто.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.